Преубав кремаст брз непечен колач...вклучете ги во подготовка и најмалите ќе бидат пресреќни.
Подготовка.
Слатката павлака ја матиме,бидејќи се работи за поголема количина поделете ја во два посебни пластични сада за матење.
Белките оделете ги од жолчките и нив изматете ги веднаш заедно со шеќерот додека не добиете густ крем.
Жолчките изматете ги заедно со шеќерот и сварете ги на тивок огин на мала температура десетина минути...изладете.
Трите фила спојте ги во еден и повторно поделете ги на два,во едниот дел додадете ја растопената чоколада.
Ќе добиете два фила...почнете со подготовка на колачот.
Филување
Земете поголем послужовник,бисквитите ги натопувате во млеко со малку рум.Редите еден ред бисквити-фил со чоколадо,бисквити бел фил,бисквити-фил со чоколадо,бисквити-бел фил посипувате со мелени ореви и чоколадо,
Декорирате со јагоди,на здравје...
Забелешка
Напишав дека иде кило бисквити, но вие купете си уште двеста грама за секој случај да не ви зафалат. Колачот или тортата е доста издашен (цел голем послужовник). Пред да го сечете оставете го неколку часа во фрижидер убаво да омекнат бисквитите или подгответе го одвечер за наредниот ден да ви е спремен за конзумација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани