Брз и лесен прелив (намаз) за колачи, палачинки, бисквити, вафли, крофни
Комбинацијата на чоколадо со портокал ми е една од поомилените.
Во моменти на инспирација го смислив овој намаз, прелив, крем, не знам како да го наречам, ама феноменално е. Најважно готово е за 10 минути.
Сад со вода ставете го на оган. Во него ставете помал сад за да готвите на пареа. Во помалиот сад додадете ги чоколадото и маслото и оставете ги да се растопат и соединат.
Аранчините убаво сомелете ги во блендер или машинка за кафе. Можете да оставите и поголеми парченца ако ви се допаѓа така или да измелете 40ина грама ситно и 10ина покрупно за декорација. Не можете да погрешите.
Во растопеното чоколадо додадете ги аранчините, циметот и каранфилчето, измешајте убаво и пробајте на вкус. Доколку сакате додадете цимет и каранфилче.
Премачкајте ги палачинките, вафлите, крофните или едноставно премачкајте цел колач.
Доколку сакате смесата да е потечна за прелевање на некој колач, додадете малку течна павлака или млеко и убаво промешајте да се соединат додека чоколадото е на оган.
Кај нас гостите НЕ беа гладни (особено галсно ми посочија) и не сакаа благо, ама кога им замириса на чоколадо и портокал на топли крофни се потепаа од јадење =))
Аранчините се по рецептото на наша Љиља, кој можете да го најдете ако КЛИКНЕТЕ ТУКА.
Секоја година на зима подготвувам голема количина на аранчини од лимон и портокал и имаме за цела година за грицкање и за во колачи.
Корите од лимон и портокал ги сецкам за аранчини и ги смрзнувам додека да се собере поголема количина и да ги приготвам сите од еднаш.
Пријатно јадење :)
Лиценца: Сите права се задржани