Брауни со свежи смокви и пудинг
Пудингот се вари според упатството со млекото.
Чоколадото и маргаринот засебно се топат.
Се матат прво белките, па потоа во нив се додаваат жолчките.
Потоа се додава брашното со пецивото, стопениот маргарин и чоколадо.
Чоколадото треба да е подоладено, а сепак течно.
Сето ова со најмала брзина на миксерот се изедначува.
Смесата се истура во калап 20х20 и во него се става по една голема лажица од претходно спремениот пудинг, по ред на мало растојание, а во секое купче пудинг се втиснува по една од свежите смокви на кои претходно сме ги исекле дршките за да дојдат рамни.
Се печи на 190 С околу 40на минути.
Кога ќе излади се сечи на посекуваните парчиња. Убаво е да се исечи на шнити, па да се сервираат легнати за да дојди до израз шаренилото на секое парче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови