Бомбици со мандарини, кокос и лешници
Со малку состојки може да излезе убав десерт.
За многу кратко време може да си подготвите убав и освежителен десерт, со малку киселкаст вкус.
Сокот од мандарините се става во тенџере на оган, од самиот сок се остава малку за да се раствори густинот. Кога ќе зоврие сокот во него се додава растворениот густин и се меша до згуснување. Овој крем се остава да се олади.
Лешниците треба да бидат мелени.
Во мојот случај бидејќи користев домашни лешници, наместо да ги испечам ги ставив во тенџере на оган да се да не речам испржат. Одкако се оладија ги излупив и тогаш се смелени и затоа имаат потемна боја и имаат малку посилен вкус, ама многу се вкусни и кога се подготвени на овој начин.
Кога кремот ќе биде оладен во него се додава кокосот и мелените лешници, убаво се меша да се соединат состојките.
Од добиената смеса се прават топчиња кои што се валкаат во кокос и мелени лешници.
За да не се лепи смесата на рацете, тие можете малку да ги навлажнувате со вода.
И веќе десертот е готов за јадење.
Од оваа смеса излегуваат околу 30 парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови