Вкусни здрави мали топчиња. Лесни за подготовка, уште полесни за јадење.

Подготовка:

1. Во сад со вода ставете ги урмите да откиснат од вечер. Другиот ден исцедете ги и исецкајте ги на ситни парченца. Брусницата исто исецкајте ја на ситни парченца. Јас користев пакување мелен лешник, но ако немате,тогаш сомелете 200 гр лешници.
2. Сето ова што набројувам ставете го во еден длабок сад. Додадете го какаото. На крајот ставете лажица таан и полека, со лажицата, пробувајте да ја споите смесата. Откако ќе добиете еднолична смеса, со помош на лажиче правете мали топчиња. Можете да ги валкате во какао или во мелени лешници.
Нека ви се слатки
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови