За овој рецепт, важно е лебот да биде тазе, за да не се мачите многу додека го сукате со сукало.

На секое парче леб отсечете му ги краевите и со сукало развлечете го, како кога сукате кора од тесто. Внимавајте да не се распука лебот.

Направете го филот, така што во тавче за пржење ќе ставите малку масло и кога ќе се загрее ќе пропржите кромид, лук и мелено месо. Меленото месо иситнете го со вилушка, за да нема грутки. Ставете го виното и гответе додека да испари алкохолот. Кога алкохолот ќе испари, ставете ги пелатите, зачинете со сол и бибер и оставете да тивко да се крчка додека да се редуцира малку сосот. Кога болоњезето ќе биде готово, оставете да се олади.

За тоа време, земете едно тавче за печење, обложете го со хартија за печење.

Секое парче леб (по желба) намачкајте го малку со сенф и ставете по едно лажиче од филот со месо. Завиткајте како ролат и наредете ги сите така подготвени ролатчиња во тавчето.

Прелијте со кисела павлака, изматена со белка и малку сол и бибер. Ставете да се пече во рерна загреана на 180 Целзиусови степени, додека да порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови