Превкусен оброк е мојот денешен предлог. Пробајте го.

Подготовка

1. Прво тортиљите ги сецкаме на тенки ленти. Во сад ги соединуваме јајцата, младото сирење, зачини по вкус. Тука ги додаваме сецканите, печени пиперки. Убаво ја соединуваме цела смеса.
2. Во тава ставаме некоја капка масло. Ги ставаме тенките ленти од тортиљи. Врз нив ја распоредуваме претходно подготвената смеса. Врз неа ставаме парчиња пршута, па парчиња моцарела.
3. Ја вклучувам ринглата на умерен оган. (кај мене од 1 до 9, готвев на 3,4). Врз тавата поклопуваме со капак. Готвиме околу 10 минути. Повремено тавата внимателно ја затресуваме. Кога моцарелата е растопена готово е. Расфрламе сецкан магдонос. Внимателно, со лизгање ја префрламе во поголема чинија.
Сервираме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани