БЛТ сендвичи обожавам, а ако бидам искрена, најмногу заради пржената сланина, заради која овој сендвич ми е изговор да ја јадам. Исто така, пржен и похуван пилешки стек многу сакам да јадам, па затоа, решив овие две да ги спојам во едно и да направам сендвич. Знам дека е многу калорично и можеби неадекватно за лето, но ако регуларно се храните здраво и со повеќе свежи овошја и зеленчуци, можеби и може да си дозволитеодвреме-навреме нешто не толку здраво. Барем јас така правам.

Пресечете го пилешкиот стек на две парчиња или тоа за вас нека го направи месарот. Истолчете ги со чук за месо за да бидат многу тенки, зачинете со од двете страни со сол и бибер и извалкајте ги во малку густин или брашно. Пржете ги парчињата стек на малку масло додека да бидат зготвени. Бидејќи се тенки, нема да биде многу долго.

Убаво испржете ги парчињата сланина.

За тоа време, лечињата запечете ги во тостер или рерна со малку путер. Откако стековите ќе бидат испржени, оставете ги малку да се подоладат и почнете да ги редите сендвичите. Едно лепче намачкајте го со малку мајонез, ставете две парчиња сланина, малку марула, неколку парчиња домат и од горе ставете го стекчето. Затворете со друго лепче и пресечете го на половина сендвичот.

Послужете го со додатоци по желба. Јас одбрав печен помфрит и малку чили мајонез.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани