4
дек
2012
Благи панцероти
Во длабок сад од состојките за тесто замесете средно меко тесто и оставете го да стаса околу 1 час.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и од секое со сукало развлечете мала кора колку големината на калапот што е прикажан на сликите. На едниот крај ставете мармалад, мелени ореви и афион и преклопете со помош на калапот.
Во дел од панцеротите како фил користете чоколадо.
Премачкајте ги со поголема количина маргарин и печете на 180 степени додека поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани