Испечати

Благи панцероти

Благи панцероти

Состојки

  • ТЕСТО
  • 500гр. брашно
  • 50гр. маргарин(растопен)
  • 50гр. шеќер
  • 1 квасец
  • малку сол
  • по потреба млака вода
  • За полнење
  • по желба/потреба афион, џем, чоколадо....

Подготовка

Во длабок сад од состојките за тесто замесете средно меко тесто и оставете го да стаса околу 1 час.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и од секое со сукало развлечете мала кора колку големината на калапот што е прикажан на сликите. На едниот крај ставете мармалад, мелени ореви и афион и преклопете со помош на калапот.
Во дел од панцеротите како фил користете чоколадо.

Премачкајте ги со поголема количина маргарин и печете на 180 степени додека поруменат.