29
ное
2020
Благи кифли премачкани со млеко
1. Се замесува од сите состојки меко тесто.(квасецот не го стасувам)
2. Се остава да одмори тестото 90 мин.
3. Се дели тестото на 2 дела
4. Од секој дел се сучи голем круг и се сечат на 16 триаголници. Секој триаголник се премачкува со мармалад,крем .... било што... и се витка во кифлица.
5. Се оставаат кифлите да одморат 30мин.
6. Пред печење се премачкуваат со ладно млеко и се печат во загреана рерна на 200С-17мин. Кога ќе се испечат пак се премачкуваат со ладно млеко.
Лиценца: Сите права се задржани