4
фев
2020
Благ ориз со вкус на ванила и цимет
За подготовка наовој убав миризлив благ ориз потребно е оризот да го ставите во вода и да го измиете.
Откако е миен се става во 400 мл вода и се вари.
Пред да е готов се додава половина литар млеко и ванилите.
Постепено го додаваме млекото додека се вари.
Оставаме да се повари, па пред крајот го матиме пудингот од ванила.
Го додаваме цимет шеќерот.
Промешуваме и веднаш ги полниме чиничињата во кои ќе сервираме.
Врз секое чиниче ставаме цимет и шеќер.
Можете да декорирате и со јатка орев.
На здравје со слаткиот десерт
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови