Веројатно секоја од вас по еднаш ја гледала дизниевата бајка Принцезата и жабата. Принцезата се вика Тиана и таа прави преубави мали слатки мекици кои се викаат бињети. Одамна сакав да ги пробам, уште пред неколку години, кога ја гледав серијата Еднаш одамна (онаа со сите Дизниеви и магични ликови префрлени во реалниот живот). Е, денеска им дојде денот. И испаднаа превкусни.

Подготовка

1. Измешајте го квасецот со топла вода и со целиот шеќер и нека надојде.
2. Јајцата, млекото и солта изматете ги.
3. Спојте ги двете смеси, откако квасецот ќе надојде.
4. Потоа додајте брашно, колку што е потребно и маргарин, за да замесите тесто кое е меко и не се лепи.
5. Нека отстои 1 до 2 часа на собна температура.
6. Потоа, тестото развлечете го на набрашнета површина, па исечете го на мали триаголничиња или форми по ваша желба, но мали.
7. Пржете ги во жешко масло, додека да добијат златна боја, а потоа извадете ги на салфетка, посипете ги со шеќер во прав и послужете ги топли. Одлични се и со џем и со крем, исто така.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови