4
окт
2020
Бисквитни колачиња со кокос (без глутен)
Со жица за матење изматете го јајцето со шеќерот и ванилата.
Додајте го маслото, водата и промешајте.
Потоа додајте ги пецивото, кокосот и брашното.
Замесете тесто.
Ако има потреба додајте уште сосема малку брашно.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер 30 минути.
Меѓу 2 листа хартија за печење(долната хартија малку посипана со оризово брашно) од тестото расукајте кора.
Вадете форми по желба.
Наредете ги колачињата во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 180 степени 10-15 минути.
Лиценца: Сите права се задржани