Красит на вкус, лесен за подготовка, а многу убав на изглед, иако едноставен. Како и да е јас ги протнав вишниве како слатко задоволство и кај дел од домашниве кои не сакаат овошје во десерти =)

Подготовка
1. На вишните им ги отстрануваме семките.
2. Во 100 мл вода го раствораме прашокот за пудинг.
3. Ги ставаме во вода вишните заедно со шеќерот да провријат. Ги блендираме со рачен блендер, ако направат пена ја отстрануваме и продолжуваме околу 5 минути со вриење.
4. Го додаваме растворениот пудинг и интензивно мешаме додека да згусне.
5. Во тава или на тацна ги редиме бисквитите па ставаме од овошниот пудинг кој веќе малку ни е подоладен.
6. Така правиме 4-5 слоеви во зависност колкава висина на колачот сакаме да имаме.
7. На врвот декорираме со вишни и рендано бело чоколадо.

Забелешка

Ако го редите колачов на тацна треба да ви биде подизладен филот, а ако го редите во некое тавче во тој случај ќе има граничник и филот нема да истекува, па може да го ставате и жежок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани