Се мешаат сувите состојки.
Млекото се загрева до млако и во него се додава маслото (салото) да се спои.
Во вангла се истура млакото млеко и се додава половина од сувите состојки. Се меша со лажица околу 2 минути.
Потоа повоторно се додава половина од сувите состојки и повторно околу 2 минути се меша со лажица.
На крај се додава и остатокот и се меси со рака убаво тесто на работната површина.
Зависно од состојките можи да ви остани малку брашно на неа.
Се расплескува или расукува правоаголна кора со дебелина од еден прст, се засекува лево и десно и се плети како плетенка.
Се премачкува со разматено јајце и се поросува со сусам.
Се печи на 200С, 30 минути. Доколку ви е силна рерната последните 10на минути покријте одозгора со хартија.
Исклучете ја рерната и оставете покриено 10 мин во исклучена рерна.
Лебот завиткајте го во кујнска крпа и оставете потополно да се излади пред да го сечите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови