Белисима
Белисима.. убава летна торта, а ништо не фалеше да си ја направам роденденска. Да, денес славам јас, но слави и сестра ми, убаво е така кога се собереме најблиските и си направиме фешта....
И сега еве како тоа јас ја направив - а по рецепт на нашата Хат. Уште кога прв пат ја забележав тортата сама се обврзав дека токму оваа торта ке биде мојата роденденска... па повелете и проследете понатаму
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
Кора
- Одвојте белките од жолчките. Со миксер матете ги белките со шекерот најпрво на нискиот степен, а потоа со повисокиот степен на брзината од миксерот, додека не се стопи шекерот. Не мора да биде цврст снег. Додадете гозејтинот и кратко матете да се поврзат беланецот и зејтинот. Сега додадете го брашното кое веке сте го измешале со пецивото и кокосовото брашно, исто така кратко матете да се спојат сите состојки. Излијте ја добиената смеса во модла бр.24. По површината распоредете ги малините и ставете да се пече околу 15 минути - но во секој случај проверете со чачкалица - тоа го знаете, ако излезе сува чачкалицата, тогаш е печена кората. Извадете ја од модлата и ставете на решетка нека се олади.
Фил
Додека се пече кората вие го спремате филот
- Желатинот ставете го метално лонле и прелијте со 5-6 лажици ладна вода - нека набубри.
- Во длабок сад ставеете ја киселата павлака, течната слатка павлака, шекерот во прав, аромата од ванила и целото ова измешајте го со миксерот вклучувајки го на нанискиот степен - потребно е само да се состојките спојат, не е потребно предолго матење.
- Садот со желатинот ставете го на пареа да се истиот стопи притоа додавајки му од добиената смеа од павлаките и тоа околу 5-6 лажици. Загревајте го на пареа на тивок оган, бркајте постојано и готово е кога ке добиете еднолична смеса без да има гранули од желатинот. Оваа загреана смеса со желатинот дотурете ја во садот каде што се измешани киселата и слатката павлака, измешајте да се поврзат - ке добиете не толку цврста смеса. Оставете ја на ладно доде
ка се излади кората.
Филување
- Околу изладената кора поставете го обрачот, излијте го филот - оставете во фрижидер да одстои најмалку 4 часа за да зацврсти филот. Потоа извадете од обрачот, поставете на тацна и филувајте како вие сакате.
Забелешка
- Оваа Бела белисима може да се спреми и како колач во тавче со димензии 25х20
- Доколку немате обрач.. нај едноставно - ставете во модлата фолија, вратете ја кората - филувајте. Откако ке се зацврсти, извадете со помош на фолијата и декорирајте.
Лиценца: Сите права се задржани
so zakasnuvanje
da ti se mnozat uste mnogu god a i recepti
da si ni ziva i zdrava i vesela
ние малку сме биле во битола кога си славела, да сме знаеле ќе сме биле малку во виница :) :) :) :)