Бели солзи
Убави ситни колачиња кои може да ги искористите како идеја за некој именден или за со добро утринско кафе. Се припремаат за помалку од половина час, а подготовката е следна
Во сад за матење ставете го путерот (или омекнатиот маргарин) со шеќерот во прав и миксирајте додека путерот не стане пенест. Додадете го и јајцето и миксирајте додека смесата не се соедини и хомогенизира. Во садот додајте ги сите други состојки што се за тестото и со лажица убаво соединете. Оставете ја смесата кратко време во фрижидер малку да стегне. Со сукалка развлечете кора и со модличка на солза или било каква модличка по ваш избор) формирајте ги колачите. Ако немате калапчиња по дома може да формирате и бомбици.
Чоколадото со маслото ставете го на пареа да се стопи и чоколадирајте ги колачите. Врз глазурата може да ставите чоколадни топчиња, лешник...
Оставете ги колачите убаво да се изладат и послужете ги
На здравје. Заминав јас да варам кафе
*Забелешка- Мене од оваа доза ми излегоа околу 45 солзички
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
п.с. заборавив да ти кажам од сите врсти колачиња по едно де ....по едно ....да ми замрзнеш...дрчна сум бе што да правам... :):):):)