Испечати

Бели солзи

Бели солзи

Состојки

  • за тесто
  • 250 гр путер (или маргарин)
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 100 гр крупно рендано чоколадо за готвење
  • 200 гр сецкани желе бомбони
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр сецкано суво грозје
  • 250 гр мелени бисквити
  • 3 лажици рум
  • за глазура
  • 200 гр бело чоколадо
  • 4-5 лажици масло

Подготовка

Убави ситни колачиња кои може да ги искористите како идеја за некој именден или за со добро утринско кафе. Се припремаат за помалку од половина час, а подготовката е следна

Во сад за матење ставете го путерот (или омекнатиот маргарин) со шеќерот во прав и миксирајте додека путерот не стане пенест. Додадете го и јајцето и миксирајте додека смесата не се соедини и хомогенизира. Во садот додајте ги сите други состојки што се за тестото и со лажица убаво соединете. Оставете ја смесата кратко време во фрижидер малку да стегне. Со сукалка развлечете кора и со модличка на солза или било каква модличка по ваш избор) формирајте ги колачите. Ако немате калапчиња по дома може да формирате и бомбици.

Чоколадото со маслото ставете го на пареа да се стопи и чоколадирајте ги колачите. Врз глазурата може да ставите чоколадни топчиња, лешник...

Оставете ги колачите убаво да се изладат и послужете ги
На здравје. Заминав јас да варам кафе

*Забелешка- Мене од оваа доза ми излегоа околу 45 солзички