Бели пуцанци
Многу подсетуваат на зима, бели се, необичен вкус токму поради состојките
1 чаша = 240мл
Подготовка
1. Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени.
2. Измиксајте ги маргаринот и шеќерот, додадете ги јајцата и продолжете понатаму да миксате додека се добро спои. Додадете го брашното во кое веќе сте го измешале пецивото и две чаши густин.
3. Понатаму продолжете да месите со рака додека добиете глатка смеса, а потоа постепено додавајте ја третата чаша со густин продолжувајки да месите. Доколку сеуште тестото се лепи додавајте малку по малку уште густин се додека не добиете глатко тесто кое нема да ви се лепи на раката. Обликувајте мали топчиња во тежина од 20 гр. или големина на пинг-понг топче, редете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги околу 15 мин.
СОВЕТ
Надгледувајте ги додека се печат, тие треба да останат бели.
Додека се печат ќе забележите дека густинот ги прави бели како снег.
Кај мене денес не излегоа бели како снег токму поради тоа што користев домашни јајца, а тие жолти и малку за нијанса останаа пожолтеникави, а морам да признаам дека само 2 минути порано требаше да ги извадам од рерната.
Кога ќе ги извадите оставете ги да се изладат малку, ако ги вадите топли ќе ви се сронат во раката. Потоа тие навидум на допир се тврди-- но само ако гризнете, се топат во устата.
Чуден, многу убав вкус, а кој сака може да додаде и на ситната страна рендана кора лимон, малку рум.. но мојот совет ви е дека се предобри како што ви ги напишав, не им треба никаков додаток.
Пукаат, па така треба да изгледаат.
Ако ги месите со на собна температура состојки и на рака месени, помалку ќе испукаат, а ако се од фрижидер и со миксер месени, тогаш пукаат повеќе. Но сите овие пукнатини не им смета да бидат чудно вкусни.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
да има да си каснеме, ќе го наречеме културно дегустација, а всушност ќе биде товење :) :) :) :)
љиљо, имам толку многу густин по дома, имам и путер и маргарин (не се знае кога ќе зарати де :) :) :) :) ), ама сакам да ги пробам со свинска маст. мислиш ќе успее?
и слаткото не е гибнато. за тоа па ептен ми е жал да го отворам :)
туку, љиљо, тоа пинг понг топчето кај вас во виница која ГОЛЕМИНА Е? :) :) :) :)
оние пуцанците што ми ги даде во тегличка беа мали и слатки, овие што ги направив со големина на тениско топче се претворија во послужавник :) :) :) :)
и не се толку бели бидејки со домашни јајца ги правев, ама јас во животов не сум работела со помеко тесто од ова. како свила во раце да имав :)
(јас уствари стравував дека нема да останат за мене) :) :) :) :)
оди на работа и глеј како те цунувам :*
клара, овие се како за мене и тебе. лесни за правење, а очи галат кога ги гледаш. ај те чекам на двобој :) :) :) :)
почнав да купувам густин во преголеми дози, онака да имам КИЛО во секое време. стока народ сум :) :) :) :)