Бели пуцанци
Состојки
- 230 гр. путер или маргарин
- 1, 1/2 чаша шеќер во прав
- 2 јајца
- 1,1/2 чаша брашно
- 1 пакетче пециво
- 3-4 чаши густин
Подготовка
Многу подсетуваат на зима, бели се, необичен вкус токму поради состојките
1 чаша = 240мл
Подготовка
1. Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени.
2. Измиксајте ги маргаринот и шеќерот, додадете ги јајцата и продолжете понатаму да миксате додека се добро спои. Додадете го брашното во кое веќе сте го измешале пецивото и две чаши густин.
3. Понатаму продолжете да месите со рака додека добиете глатка смеса, а потоа постепено додавајте ја третата чаша со густин продолжувајки да месите. Доколку сеуште тестото се лепи додавајте малку по малку уште густин се додека не добиете глатко тесто кое нема да ви се лепи на раката. Обликувајте мали топчиња во тежина од 20 гр. или големина на пинг-понг топче, редете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги околу 15 мин.
СОВЕТ
Надгледувајте ги додека се печат, тие треба да останат бели.
Додека се печат ќе забележите дека густинот ги прави бели како снег.
Кај мене денес не излегоа бели како снег токму поради тоа што користев домашни јајца, а тие жолти и малку за нијанса останаа пожолтеникави, а морам да признаам дека само 2 минути порано требаше да ги извадам од рерната.
Кога ќе ги извадите оставете ги да се изладат малку, ако ги вадите топли ќе ви се сронат во раката. Потоа тие навидум на допир се тврди-- но само ако гризнете, се топат во устата.
Чуден, многу убав вкус, а кој сака може да додаде и на ситната страна рендана кора лимон, малку рум.. но мојот совет ви е дека се предобри како што ви ги напишав, не им треба никаков додаток.
Пукаат, па така треба да изгледаат.
Ако ги месите со на собна температура состојки и на рака месени, помалку ќе испукаат, а ако се од фрижидер и со миксер месени, тогаш пукаат повеќе. Но сите овие пукнатини не им смета да бидат чудно вкусни.
Нека ви е слатко!