Брзи и многу вкусни банички,
За преливот јајцата ги матиме со вилушка па ги додаваме јогуртот и маслото.
Изварката треба да е солена и мешаме со павлаката до кремаста смеса.
Секоја кора со четка ја премачкуваме со преливот,на едниот крај нанесуваме од филот и виткаме ролат.Ролатот го формираме во баничка.
Згора секоја баничка со четка ја премачкуваме со преливот.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови