
28
јан
2012
Бамји на македонски начин
Исечените бамји се прелеваат со студена вода и се оставаат да стојат околу 30 мин. За тоа време се пропржува исечканиот кромид на масло,се додава месото исечено на поголеми парчиња и заедно продолжуваат да се пржат и потоа се додаваат црвениот пипер,магдонос и исцедените бамји. Јадењето се посолува ,се налева малку вода и во покриен сад се пече во рерна на умерена температура.Пред крајот се покрива садот и јадењето се пече уште десетина мин да добие боја.
Се служи со кисело млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови