Испечати

Бамји на македонски начин

Бамји на македонски начин

Состојки

  • 1 лажица брашно
  • 200г кромид,масло
  • 500г бамји
  • 700 г јагнешко месо
  • 1 лажичка црвен пипер,магдонос,сол
  • 50дл кисело млеко

Подготовка

 

Исечените бамји се прелеваат со студена вода и се оставаат да стојат околу 30 мин. За тоа време се пропржува исечканиот кромид на масло,се додава месото исечено на поголеми парчиња и заедно продолжуваат да се пржат и потоа се додаваат црвениот пипер,магдонос и исцедените бамји. Јадењето се посолува ,се налева малку вода и во покриен сад се пече во рерна на умерена температура.Пред крајот се покрива садот  и јадењето се пече уште десетина мин да добие боја.

Се служи со кисело млеко.