Подготовка

1. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Го додаваме доматниот сос, или може да се користи лименка пелати. Разредуваме со вода и зачинуваме. Одозгора ги редиме бамјите.
2. Оставаме на тивок оган да крчка околу 30,35 минути. Внимаваме бамјите да останат цели, само протресуваме, не мешаме со лажица. Посипуваме сецкан магдонос или една брикета замрзнат спанаќ.
Сервираме со топло лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани