Испечати

Бамја во доматен сос, посно

Бамја во доматен сос, посно

Состојки

  • 300гр замрзната бамја
  • 1 главица кромид
  • 1 лименка доматен сос или мало тегле, домашен сос
  • 1/2лажиче шеќер
  • Сол, бибер, зачин, магдонос
  • Вода по потреба

Подготовка

Подготовка

1. На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Го додаваме доматниот сос, или може да се користи лименка пелати. Разредуваме со вода и зачинуваме. Одозгора ги редиме бамјите.
2. Оставаме на тивок оган да крчка околу 30,35 минути. Внимаваме бамјите да останат цели, само протресуваме, не мешаме со лажица. Посипуваме сецкан магдонос или една брикета замрзнат спанаќ.
Сервираме со топло лепче.