Баклава со печени ореви
1. Состојките за фил измешајте ги. Растопете маргарин па додајте масло. Раширете една кора, премачкајте со две лажичи премаз, ставете друга кора, премачкајте со една лажица премаз. На крај ставете фил, добро притиснете, па замотајте цврст ролат. Ролатите наредете ги во голема намастена тепсија и сечете на мали ролни.
2. Ролатите прелијте ги со растопен путер и масло, ставете да се пече на 200 степени околу 30 минути. 3. Печените баклави оставете ги да се изладат па прелијте ги со врел сируп - згответе ги шеќерот, водата и парчињата лимон околу 15 минути до точка на вриење.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани