Баклавата често се подготвува за славски трпези. Овој пат изборот падна на овој рецепт.

Подготовка:

1. Оревите и лешниците се потпекуваат и се сецкаат или толчат. Се мешаат со циметот.
2. Путерот се топи заедно со маргаринот.
3. Плехот се премачкува со мрснотија и се редат 4 кори, помеѓу се попрскуваат со мрсно. На 4 тата се ставаат оревите и лешниците. Постапката се повторува додека се потрошат корите. Значи четири се редат една врз друга попрскани со масло, на четвртата фил. Се завршува со 4 кори.
4. Баклавата се сечи во саканата форма, се попрскува со мрсно и се става да се печи на 150 степени околу 90 мин.. Се остава да се излади.
5.За шербетот се зовриваат шеќерот, ванилата и водата. Се вари 10 мин. на умерен оган. Штом зоврие се додава сок од лимон и круговите. Се остава малку да излади. Се полева баклавата.

*Совет -  Одозгора се става некој плех, за да се израмнат завитканите делови на корите, но да не стои повеќе од 10 мин.. Највкусна е после 2-3 дена откако ќе отстои. За посна варијанта путерот се заменува со маргарин. При прскањето да не се става белото од стопениот путер или маргарин најгоре, бидејки тоа потемнува при печењето.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани