
Ароматичен пунч од црвено вино со портокал
Во мала касерола ја налеваме водата да зоврие.
 Тука ги додаваме циметот, анисот и зрната кардамом.
 Потоа го додаваме ќесето за чај од хибискус.
 Го поклопуваме садот и го оставаме да одстои 10-15 минути.
 Измиениот портокал го сечеме на кришки.
 Виното го ставме на оган многу кратко да се загрее и тука го додаваме маџунот од рогач да се раствори и соедини.
 Ја додаваме процедената течноста од чајот.
 Убаво соединуваме.
 Ги додаваме и резанките портокал.
 Сервираме во чаши и послужуваме во попладневните часови, покрај печка со дрва...уживање...
Својата историја пунчот ја започнал во далечната 1632 година, чии творци биле првите поморци.
 Самиот збор пунч, значи 5 состојки од кои се подготвувал.
 Најчесто на почеток бил рум, а сега и вино, зачини, вода, цитрусни овошја и шеќер.
 Денес ширум светот се подготвуваат најразлични верзии на пунч, според сопствен вкус....

















