Италијански ароматичен кекс
Овие суви кекси многу ги сакам, многу брзо се спремаат, за 10 минути, брзо се печат, па потоа нека се излади, ги сечам на парчиња , ги редам во кутија и толку.
Имате за подкаснување убаво десертче, кое одговара со млеко, чај, кафе...
Прво во вангличка се ставаат белките и се матат да се добие цврст шам.
Постепено се додава шеќерот, нека се растопи а потоа една по една жолчка.
Се исклучува миксерот.
Се додаваат маслото, изренданата праска,содата, сувото овошје, цимет, брашно.
Лесно со шпатула се меша за да се изедначи смесата.
Смесата се истура во правоаголен тесен калап, кој е претходно обложен со хартија.
Се печи околу 40 мин ,на 180 степени.
Но сепак проверете со чепкалка, односно се зависи од вашата рерна.
Испечениот кекс се остава на решетка да се излади, па се сече на парчиња и се сервира.
Колку стои повеќе, кексот е помек.
Се користи една иста мерка односно среден филџан за кафе ( од 100-120 мл зафатнина)
Лиценца: Сите права се задржани