16
апр
2012
Македонски ќебап
Кромидот се ренда на крупно ренде, а исто и варениот компир. Месото се замесува со компирот, кромидот, трите жолчки, ситно сецканото лукче, ситно сецкан магдонос, мелениот двопек и зејтинот. Убаво се меша целата смеса и се става во фрижидер на неколку часа додека се спојат зачините.
Белките се матат со вилушка. Од смесата се прават ќебапи по желба, се валкаат низ изматената белка и се пржат на топол зејтин
Од оваа смеса излегуваат многу ќебапи и затоа рецептот е погоден за повеќе намени-родендени,слави,забави
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
kebapite se mnogu vkusni a i dosta izleguvaat,sega gi pravev za praznikov i super bea
добро...шеќерко приметува дека ставам цимет во се' благо :) :) :) :)
Лудо, јас овци на километри сеќавам, како шеќерко со циметот... полека со мушнувањето еден убав сончев ден ќе те чактисаат (ова по битолски, во превод, сетат) :)