Испечати

Македонски ќебап

Македонски ќебап

Состојки

  • 1кг млено месо
  • 3 јајца
  • 2 главици кромид
  • 4-5 кришки двопек
  • 2 варени рендани компири
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 шака магдонос
  • 2 лажици вегета
  • 1 мала лажичка црн бибер
  • 1 филџан зејтин

Подготовка

Кромидот се ренда на крупно ренде, а исто и варениот компир. Месото се замесува со компирот, кромидот, трите жолчки, ситно сецканото лукче, ситно сецкан магдонос, мелениот двопек и зејтинот. Убаво се меша целата смеса и се става во фрижидер на неколку часа додека се спојат зачините.
Белките се матат со вилушка. Од смесата се прават ќебапи по желба, се валкаат низ изматената белка и се пржат на топол зејтин
Од оваа смеса излегуваат многу ќебапи и затоа рецептот е погоден за повеќе намени-родендени,слави,забави