Англиски колачи со путер од кикирики (Skones)
Овие колачи одлично одат со чај или со млеко, навистина вкусни, брзо се прават, секој може да ги подготви.
Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 180 степени.
2. Во сувите состојки, брашно, шеќер, сол, пециво го втријуваме ладниот путер.
3. Во друг сад ги мешаме јајцето, путерот од кикирики, киселата павлака, ванила екстрактот и водата.
4. Двете смеси ги мешаме со миксер или со лажица. Ја додаваме чоколадата исчекана на ситни парченца.
5. Правиме две топки, ги расплескуваме на намрсено тавче или хартија за печење, ги сечеме на 8 дела и ги печеме околу 15-20 минути.Оставаме да се ладат.
6. За глазурата ги промешуваме трите состојки, ги ставаме во кеса на која и го отсекуваме врвот и секое колаче го преливаме.
Забелешка
Шољата е од 150 мл.
Лиценца: Сите права се задржани