Прекрасни колачи спремни за престојните празници. Подготовката едноставна, а вкусот одличен. Совршен вкус на мешавина од лешници и ванила. Ајде да ги спремиме.

Подготовка:

1. Во длабок сад ставете ги сите состојки. Месете полека убаво меко тесто. Поделете го на два дела, како ролат долго, исукајте го. Тестото завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер.
2. Нека постои еден час, а потоа извадете го и сечете парчиња со иста големина. Стиснете ги на средина како на сликите и ставете кандирана вишна. Редете на хартија за печење.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20минути. (зависи од рерната ) Готовите колачиња соберете ги во кутија и нека ги чекаат убавите празници.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови