Во млако млеко се става квасецот со малку шеќер и брашно да стаса.

Се матат јајцата, шеќерот, стасаниот квасец, млекото, маргаринот и кората од лимон. Се додава брашното и се замесува меко тесто. Се остава да стаса. Се сука кора со дебелина од 1см и се сечат со чаша кругови-по желба. Се става на набрашнет плех и стојат уште 15мин.
Се пржат во врело масло и се посипуваат со шеќер во прав или со чоколаден прелив.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови