Ова ни е еден од повкусните филови за американски палачинки. Путерот од кикирики одлично се вклопува со банани, а оревите и карамелниот прелив само го засилуваат и интензивираат вкусот на слаткост и кикирики во палачинките.

Подготовка
1. Ги двоиме жолчките од белките. Прво ги матиме белките со прстофат сол да се волуменизираат.
2. Во друг сад ги матиме жолчките исто со прстофат сол и во нив ги додаваме брашното во кое сме го ставиле пецивото и млекото, па соединуваме.
3. На крајот ги додаваме изматените белки и со помош на шпатула постепено ги соединуваме за да смесата ни остане воздушеста.
4. На намрсено тавче ставаме по мала кутлача или со лажица од смесата, распоредуваме фино насекаде со лажицата. Печеме на средна температура за да не ни поцрнат, ги превртуваме од другата страна.
5. Откако ќе се испечат палачинките премачкуваме со путер од кикирики, редиме кругови банани, посипуваме мелени ореви и по желба прелеваме со карамел прелив.
6. Ги редиме една врз друга, помеѓу филуваме, а висината и бројот на палачинки си ја одредуваме по желба и вкус.

Забелешка
Чашата е од 200 мл.
Внимавајте со температурата на печење, осетливо е тестото бидејќи е воздушесто и со белки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани