Во тенџерче на оган ги ставаме шеќерот, водата, зејтинот и какаото да зовријат. Потоа го додаваме брашното и мешаме убаво да се изедначи смесата. На крај го додаваме и сусамот.
Земаме со лажица од смесата ин полниме во силиконски калапи.Оставаме алвата да се стегне и потоа ги вадиме парчињата од калапите и послужуваме. Доколку немате калапи може алвата да се истури во подмачкано тепсиче и откако ќе се стегне да се сече на коцки или баклавки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови