Алва од гриз (посно)
Стандардниот рецепт за оваа алва е 1, 2, 3 и 4 ( 1 чаша зејтин, 2 чаши гриз, 3 чаши шеќер и 4 чаши вода ) меѓутоа јас ја правам на прилагоден начин според нашиот вкус, односно намалувам на шеќерот и зејтинот, другото си останува исто.
Припремата е на следниот начин -
1. Најпрво ги ставаме шеќерот, ванилите и водата во тенџере само да провријат и тргаме настрана.
2. Потоа во друго тенџере го ставаме зејтинот да се загрее и го додаваме гризот, пржиме додека гризот да ја добие посакуваната боја.
3. Го додаваме шербетот во испржениот гриз полека бидејќи ќе прска, мешаме цело време додека да се згусне (прикрај ги додаваме мелените ореви)...готово е кога ќе се прави пат на дното од тенџерето.
4. Префрламе во некој сад или пак во силиконски модли, а можете и со лажица да вадите овални форми.
Ова е мојот начин на правење на оваа превкусна алва, а како додатоци можете да употребите кокос, чоколадо, цимет, суво грозје...
Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови