Денес ќе готвиме од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Лилјана Илиева, Телешка супа.

Супа од бавно готвено телешко месо, за да ги испушти сите хранливи состојки, на која и додаваме моркови и компири, како и потпечен кромид за побогат вкус. Ова е здрав оброк кој ќе ве загрее и ќе ви даде енергија во студените денови.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 800 гр. месо телешко
  • 3 големи компири
  • 3 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мешан зачин
  • Сол и црн бибер во зрна

За сервирање ќе ви треба:

  • малку целер, домат, лимон, лук и оцет

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Прво го подготвуваме булјонот. Исечете го месото на крупни парчиња и ставете го да се вари во вода, заедно со неколку зрна бибер и малку сол во Гурмет пекачот, на Бавно готвење (Slow cook). Кога ќе почне да врие со лажица решетка вадете ја пената за булјонот да биде побистар. Варете го месото околу час и половина, или додека не омекне.

Чекор 2: Во меѓувреме исечете ги компирите на коцки, морковите исечете на дијагонални парчиња. Исечете ја главицата кромид на половина и испечете ги во тава со пресекот надолу да заруменат. Подоцна ќе ги додадеме на супата за побогат вкус.

Чекор 3: Кога ќе се свари месото, додадете го исечканиот зеленчук, мешаниот зачин и испечениот кромид. Посолете и додадете 3-4 лажици масло, па продолжете да варите додека не омекнат.

Чекор 4: За сервирање исечкајте ги доматот, листовите целер и половина лимон. Изрендајте лук во оцетот и промешајте. Сервирајте ја супата во чинија, и додадете ги подготвените додатоци.

СОВЕТ: Во студените денови топла супа е секогаш корисен и здрав оброк. Потрудете се често да имате супа на семејниот ручек. А кога таа е домашна, ќе имате совршен семеен амбиент!