Видео рецепт: Tарт со јагоди
Додека е сезоната на јагоди, Фичо ќе ни покаже идеја за вкусна Тарт пита со јагоди и џем од кајсии!
Подготовка
Чекор 1: Во садот за матење ставете 115 грама солен путер на собна температура и
матете околу 2 минути додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете околу 50гр шеќер и продолжете со матењето додека не се соединат.
Чекор 2: Јајцето изматете го со жица и додадете го во смесата со путерот. Додадете го и брашното помешано со половина пакетче прашок за пециво, постојано мешајќи за убаво да се соединат.
Чекор 3: Во Тавата за Тарт рамномерно нанесете го тестото и избоцкајте го со вилушка за воздухот убаво да проструи при печењето. Печете 5 минути на 200 степени и 5 минути на 180 степени покриено со хартија. Тргнете ја хартијата и печете уште 10 минути.
Извадете го тестото од рерна и оставете да се олади.
Чекор 4: Додека се лади тестото исечкајте ги јагодите на половина, премачкајте го тестото со мармаладот од кајсии и врз него наредете ги јагодите.
Чекор 5: На пареа растворете го пакетчето желатин. Додадете го бистриот сок од јаболки во кој сте додале малку вода. Доколку ставите само сок од јаболки, вкусот на преливот ќе биде остар и нема да се чувствуаат јагодите.
Чекор 6: Ставете го во фрижидер околу еден час да се стегне, па сервирајте.
СОВЕТ: Ако немате јагоди, слободно подгответе го со друго свежо овошје по желба!
Исто така, конкретно за овој рецепт, не е задолжително тестото да стои во фрижидер пред да го печете.