Вистинско задоволство - Pure Pleasure
Прво подгответе го ванила кремот.
Од млекото одвојте малку за да ги измешате пудинзите. Остатокот ставете го заедно со шеќерот да се вари. Кога ќе зоврие млекото ставете ги размешаните пудинзи и варете додека не се згусне со постојано мешање да не се направат грутчиња. Готовиот крем покријте го со проѕирна фолија директно на површината од кремот (ова е за да не фати коричка кога ќе се излади). Оставете го да се излади (може да биде и многу малку млак).
Путерот изматете го пенесто со шеќерот во прав и постепено додавајте од изладениот крем. Убаво изматете го.
За кремот од јагоди испасирајте ги јагодите, видете колку волумен имаат и одмерете вода за да биде 500 мл волумен вкупно. Испасираните јагоди заедно со шеќерот ставете ги на оган додека не зовријат. Во водата (таа што сте ја измериле, мене ми требаше околу 100 мл) растворете го пудингот и со врелите јагоди сварете крем. И овој крем покријте го со проѕирна фолија и оставете го да се излади.
Сега доаѓа лесниот дел, филување на корите. Во моето пакување имаше точно 10 розен корички.
Почнете со ванила крем, а на секоја 3 коричка ставете крем од јагоди. Завршете со ванила кремот. Значи на 3, 6 и 9 коричка ќе има крем од јагоди.
Оставете го до утредента за убаво да омекнат коричките и да се спојат вкусовите. Сечете парчиња како вам ви одговараат, може да се сечат и парчиња како за торта, и како за колач. По желба ставете шлаг одозгора, но мене вака сосема ми одговараше.
Пријатен апетит!
- По желба може да ставите и обичен пудинг од ванила, но јас ви го препорачувам бурбон ванила бидејќи е со многу побогат вкус.
- Јас користев смрзнати јагоди, па не знам дали би имале ист волумен и свежите.
- Името е превземено од рецепт кој малку го изменив како мене ми одговараше, но сосема му прилега.
Лиценца: Сите права се задржани
prekrasno si ja napravila tortava
Клара, ни на нас не ни е Ниш толку блиску. Кој знае кога ќе дојдат следните розенки кај мене :)