Ароматичен и вкусен леб. Пробајте го

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме шеќер, квасец, лажиче брашно и промешуваме. Од кога е активиран, го ставаме во вангличка, па додаваме јогурт, путер, сол, јајце. Промешуваме и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
2. Потоа од него сучиме правоаголна кора. Во чашата на нутрибулет ги ставаме ливчиња свеж босилек, путер и сирење. Соединуваме. Со оваа смеса ја премачкуваме кората. Ја сечиме на квадрати. Ги редиме еден врз друг, по 5,6 парчиња и ги ставаме едно до друго исправени. Покриваме и оставаме на топло 30 минути. Премачкуваме со јајце, наросуваме сусам.
3. Печиме околу 25 минути. Оставаме на решетка да подизлади, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани