Испечати

Pull apart леб со свеж босилек

 Pull apart леб со свеж босилек

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче сол
  • 1лажиче шеќер
  • 50гр растопен путер
  • 100мл млеко
  • 120мл јогурт
  • 1/2 малку матено јајце
  • Околу 370 до 400 гр брашно
  • Премаз
  • Голем грст ливчиња свеж босилек
  • 30гр путер
  • 50гр бело сирење
  • За премачкување
  • 1/2јајце, сусам

Подготовка

Ароматичен и вкусен леб. Пробајте го

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме шеќер, квасец, лажиче брашно и промешуваме. Од кога е активиран, го ставаме во вангличка, па додаваме јогурт, путер, сол, јајце. Промешуваме и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
2. Потоа од него сучиме правоаголна кора. Во чашата на нутрибулет ги ставаме ливчиња свеж босилек, путер и сирење. Соединуваме. Со оваа смеса ја премачкуваме кората. Ја сечиме на квадрати. Ги редиме еден врз друг, по 5,6 парчиња и ги ставаме едно до друго исправени. Покриваме и оставаме на топло 30 минути. Премачкуваме со јајце, наросуваме сусам.
3. Печиме околу 25 минути. Оставаме на решетка да подизлади, па послужуваме.