12
јан
2015
Видео рецепт: Потаж од грашок
Фичо ќе ни покаже како набрзина да направиме вкусно и здраво предјадење, Потаж од грашок.
Подготовка
Чекор 1: Наполнете го лонецот со вода, ставете го на јака температура и ставете ги исечканите целер и кромид да се варат. По 5 минути додадете ги грашокот и лукот. Кога ќе се сварат зеленчуците, изблендирајте директно во лонецот.
Чекор 2: Додадете ја млечната павлака за готвење и путерот. Оставете ја смесата да проврие.
Чекор 3: Сервирајте по желба, со рендан кашкавал или брускети!
СОВЕТ: Ова е уште една идеја за подготовка на грашок, кој е полн со фолна киселина и е одличен за цврстината на коските.