Видео рецепт: Погачици со рузмарин и пармезан
Погачиците се традиционално Англиски и во нив се ужива слатки со џем и крем, но на овој рецепт му даваме Италијански шмек и користиме рузмарин и пармезан. Овие мали погачици се прават толку брзо и лесно.
Состојки
- 340 грама брашно
- 2 супени лажици прашок за пециво
- Малку сол
- 55 грама путер
- 30 грама пармезан
- 1 врзопче рузмарин
- 150 милилитри млеко
Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за рерна.
Подготовка
Чекор 1: Земете врзопче рузмарин и скинете ги ливчињата од гранчињата. Потоа ситно исечкајте ги.
Чекор 2: Земете длабок сад и во него измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. А потоа ставете и путер и почнете со рацете да ги месите додека да се спојат сите елементи.
Чекор 3: Во садот ставете ги рузмаринот, пармезанот, а потоа и млекото за да добиете меко тесто. Измешајте го со дрвена лажица, превртете го на маса и нежно месете кратко време.
Чекор 4: Попрскајте го со брашно и измесете го со сукалка до дебелина од околу два ипол сантиметри. Земете тркалезен калап и со него исечете погачици од тестото. Извадете ги погачиците, а потоа повторно размесете го преостанатото тесто и измесете го со сукалка за да добиете уште погачици. Повторувајте ја постапката додека да го потрошите тестото. Од овој рецепт би требало да добиете 8 до 9 погачици.
Чекор 5: Пред да ги ставите погачиците да се печат, премачкајте ги со млеко во кое има изматена жолчка и одозгора ставете уште малку пармезан, а потоа ставете ги во рерна загреана на температура од 200 степени околу 10 до 12 минути. При печењето погачиците ќе станат приближно двојно поголеми.
Чекор 6: Време е за сервирање: Сервирајте ги за пријателите на чинија со малку путер. Не чекајте, сервирајте ги топли – тогаш се најдобри.
СОВЕТ: И, тоа е тоа. Брза, вкусна и едноставна идеја за рецепт за која можете да ги менувате и вкусовите – овој рецепт лесно може да се претвори во слатка посластица со користење шеќер наместо рузмарин и пармезан.
Чекаме коментари со ваши слики :)
Сега чекаме уште една сликичка во коментар, да видиме како излегуваат кај вас дома :)
Поздрав