Лешниците се состојка која има многу примени и можеме да ги користиме како во слатки, така и во солени рецепти. Овде ги потпекуваме и потоа со нив правиме крем сос кој го послужуваме со пилешко и паста.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 2 купчиња таљатели
  • 200 грама лешници
  • 2 мали главици бел кромид
  • 200 милилитри хопла
  • магдонос за гарнирање
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Ќе почнеме со чукање на пилешките гради за да се зготват побрзо и полесно во Грил Тавата. Покријте ги со целофан и исчукајте ги со чекан за месо.

Чекор 2: Време е за сецкање: Исечкајте ги двете главици бел кримид на тенки парчиња. И сечкајте го и магдоносот кој подоцна ќе го искористиме за гарнирање.

Исечкајте ги лешниците на крупни парчиња. И спремни сме да го направиме сосот.

Чекор 3: За да ги засилиме вкусот и бојата на сосот ќе ги потпечеме лешниците. Едноставно загрејте ги во тава без масло и повремено мешајте ги за да се потпечат во тавата. Тоа ќе ги ослободи вкусните масла од лешниците и ќе нѝ даде прекрасен вкус на потпечено јаткасто овошје.

Чекор 4: Извадете ги лешниците по неколку минути и почнете со пропржување на кромидот. Потоа ставете ги лешниците и хоплата заедно со зачините и оставете го сосот да се формира на среден оган.

Чекор 5: Пред да завршиме со подготовката на сосот, ќе го зготвиме пилешкото. Зачинете ги пилешките гради и намачкајте ги со масло, а потоа ставете ги во Грил Тавата. Не грижете се за тоа што пилешкото и неговите сокови ќе го извалкаат дното на тавата затоа што подоцна ќе ја исчистиме тавата и ќе го збогатиме сосот со вкусот и соковите од пилешкото. Повремено вртете ги парчињата пилешко и потрудете се тие да бидат изпечени одвнатре, но да не бидат премногу суви.

Чекор 6: Извадете ги пилешките гради и исчистете ја тава со топла вода додека е жешка. Сакаме да ги зачуваме соковите и вкусот за сосот. Сипете ја течноста во сосот од лешници, вратете го на оган и оставете го да крчка за да се спои.

Чекор 7: Сварете ги таљателите во солена вода со маслиново масло.

Чекор 8: Време е за сервирање: Сервирајте го јадењето правејќи подлога од пастата, врз неа ставете едно парче пилешки гради а потоа прелијте со богатиот сос од потпечени лешници. На крај гарнирајте со магдонос.

СОВЕТ: Ова е богато и тешко јадење кое не би го јаделе секој ден, но на посебната личност во Вашиот живот ова јадење навистина ќе ѝ ја разубави вечерта. Малку добро бело вино, неколку свеќи и ќе создадете ресторанска атмосфера за само дел од цената.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Грил тава ; Тава со рачки
Грил тава Тава со рачки