Видео рецепт: Пилешко а ла Филип
Денес ќе готвиме од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Алекса, Пилешко а ла Филип.
Комбинациите од пилешко месо и зеленчук се секогаш вкусни, а овде го спојуваме со зеленчук типичен за македонското поднебје: пиперка, домат, морков, тиквичка и магдонос. За збогатување на вкусот, додаваме и чаден свински врат.
- Вид на оброк: Ручек
- Комплексност: Лесно
- Број на лица: 2 лица
- Време на подготовка: До 30 минути
Состојки
- 2 парчиња пилешки гради
- 2 парчиња димен свински врат
- 1 блага пиперка
- 1 лута пиперка
- 1 домат
- 1 рендан морков
- Половина тиквичка
- Малку магдонос
- Сол и црн бибер
- Масло за пржење
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.
Подготовка
Чекор 1: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување и почекајте да се загрее. Пилешкото месо исечете го на тенки ленти и ставете го да се пржи на малку масло во загреаниот Гурмет пекач.
Чекор 2: Кога ќе се зарумени пилешкото, додајте ги и ренданиот морков, исечканите пиперки, тиквичката исечена на коцки и свинскиот врат исечен на ленти. Потпржете ги малку, па додајте го и исечканиот домат и се оставете да испари течноста од доматот, со повремено мешање. Зачинете со сол и бибер, и малку сечкан магдонос.
Чекор 3: Сервирајте го со варен ориз, или како сос за тестенини.
СОВЕТ:Месото од пилешки гради е посно месо, па доколку не се подготви со сочен сос, премногу е суво и тврдо за јадење. Во овој рецепт, соковите од зеленчукот се впиваат во месото, заедно со своите ароми, што му дава одличен вкус на месото, како и на целиот оброк!