27
јул
2015
Видео рецепт: Паста туна Путанеска
Фичо ќе подготви тестенини со сос од домати, маслинки, капари и туна. Одлични за летните денови!
Подготовка
Чекор 1: Тестенините сварете ги според упатството на кесичката, но 2-3 минути помалку.
Чекор 2: Лукчето исецкајте го и промешајте го со буковецот. Пропржете ги на маслиново масло околу 2 минути. Додадете ги капарите и масликните и повторно пропржете околу 2 минути. Додадете ги пелатите и босилекот и повторно оставете ги да се готват околу 2 минути.
Чекор 3: Додадете ја туната со маслото и убаво промешајте.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Внимавајте да не ги преварите тестенините, бидејќи така нема да можат добро да го впијат сосот.