Шпагети во путанеска сос (Spaghetti alla puttanesca)
Путанеска сосот потекнува од Неапол и за прв пат се подготвува во средината на 20 век.
Состојките се типични за јужниот дел од Италија - домати, лук, сардини, црни маслинки и магдонос, но различни региони додале по некоја состојка и го промениле првобитниот состав на сосот.
Иако оригиналниот сос бил послужен со шпагети, истиот може да се послужи и со други видови тестенини како лингвини, вермичели и сл.
Ова е мојата верзија на Путанеска сосот
1. Шпагетите се ставаат во претходно зовриена вода и се варат според упатството на паковката.
2. Откако ќе се сварат се одделува 150 мл од водата во којашто се вареле, потоа се цедат и се враќаат во истото тенџере. Се полеваат со 50 мл маслиново масло и убаво се мешаат. (Маслиновото масло нема да дозволи да се залепат додека се подготвува сосот.)
3. Во тенџере на оган се пропржуваат ситно сецканиот кромид и лук. Потоа се додава пашканатот (исечен на коцки) и се пржи неколку минути.
4. Морковите се рендаат и се додаваат во тенџерето заедно со туната и инчуните. Убаво се промешува и откако туната ќе се распадне се додаваат сувите пиперки, доматниот сос и зачините.
5. Во водата од шпагетите се додаваат соја сосот и ворчестер сосот и со нив со нив се полева сосот и се додаваат маслинките. Се мешаат сите состојки од сосот и истиот се остава неколку минути на среден оган.
6. Шпагетите се ставаат во сосот и убаво се мешаат и оставаат 2-3 минути па се тргаат од оган.
7. На крај во тенџерето се додава ренданиот кашкавал и се меша додека истиот не се растопи и соедини со останатите состојки.
* Сосот е лут и доста солен од состојките, така што не е потребно да се става сол.
* Јас ставив и свежа рукола која му даде одличен акцент на јадењето и одлично се вклопи со останатите состојки.
Лиценца: Сите права се задржани