Хранливи вредности на нане:

Нането е една од најпопуларните билки, позната уште од антички времиња, поради специфичната арома и лековитите својства. Кога ќе се изеде, билката создава освежувачко чувство на сетилото за вкус, непцата и грлото, како и врз носната празнина кога ќе се вдише мирисот. Ова се должи на присуството на есенцијалното масло ментол.

Ботанички, оваа билка припаѓа во фамилијата lamiaceae, од родот Mentha и носи научно име Mentha piperita. Всушност, се работи за природно настанат хибрид помеѓу  Mentha aquatica и spearmint.

Нането потекнува од Европа, а денес се одгледува насекаде низ светот. Успева добро во сенка и има шилести листови со темно зелена боја и виолетови жили со разрабени маргини и кружни виолетови цветови.

Растението обично е стерилно, не дава семе и се размножува единствено вегетативно, преку ширење на ризомите. Постојат повеќе од 20 сорти нане.

Здравствени придобивки од нане:

  • Нането содржи бројни растителни хемиски соединенија кои имаат антиоксидантски, превентивни и лековити својства.
  • Оваа популарна билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси и растителни влакна, кои помагаат во контролата на нивото на холестерол во крвта и регулацијата на крвниот притисок.
  • Содржи повеќе есенцијални масла, како што се: ментол и ментон ацетат, кои дејствуваат на рецепторите чувствителни на студ, во кожата, устата и грлото, што е причината зошто се добива познатата сензација студена сензација кога нането ќе се изеде, вдише или нанесе на кожата.
  • Есенцијалното масло ментол, исто така има аналгетски и ограничени анестетски својства, но и помага во ублажување на иритациите.
  • Научните истражувања исто така укажуваат на тоа дека есенцијалните масла во нането ги опуштаат мазните мускули во интестиналните ѕидови, како и прстенестите мускули, преку блокирање на калциумовите канали на клеточно ниво. Ова својство на нането е причината зошто тоа се користи како антиспазматичен агенс при лекувањето на болките во гастроинтестиналниот тракт.
  • Нането е одличен извор на минерали, како што се: калиум, калциум, железо, манган и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага при регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот и бакарот се важни кофактори за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас.
  • Исто така, оваа билка е богата со голем број антиоксидантски витамини, вклучително и: витамин А, бета-каротин, витамин Ц и витамин Е. Листовите од нането исто така содржат голем број важни витамини од Б-комплексот, како што се: фолати, рибофлавин и пиридоксин (витамин Б6). Билката е и одличен извор на витамин К.

Избор и складирање:

Свежите, како и сушените листови од нане се достапни во продавниците во текот на целата година. Кога сте во можност, купувајте свежо нане, затоа што тоа има подобар квалитет и е побогато со хранливи фито-материи, витамини и антиоксиданси. Свежото нане треба да има листови со сјајна зелена боја и цврсти стебленца. На нив не треба да има знаци на мувлија и темни или пожолтени делови.

Како што е случајот со другите сушени билки, кога купувате сушено нане, доколку сте во можност купувајте органски одгледувано нане, затоа што на тој начин ќе бидете сигурно дека на него нема остатоци од пестициди и дека при производството не била користена вештачка радијација за сушење.

Свежите листови од нане треба да се чуваат во фрижидер, во најлонска ќеса што се затвара или завиткани во малку навлажнета хартиена крпа. Сушеното нане може да се чува со месеци, во добро затворен стаклен сад, на студено, темно и суво место.

Медицинска употреба:

  • Како што напоменавме погоре, есенцијалните масла во нането дејствуваат на рецепторите чувствителни на студ, во кожата, устата и грлото, поради што се јавува сензацијата на ладење при вдишување, јадење или нанесување на кожата. Поради ова својство, нането се користи за приготвување лекови за олеснување на симптомите од кашлици и настинка, како што се: сирупи, таблети и инхалатори.
  • Маслото од нане има аналгетични и ограничени анестетички својства, а ги смирува и иритациите. Затоа се користи за приготвување мускулни релаксанти и аналгетици.
  • Исто така се користи и во приготвувањето производи за орална хигиена и производи за справување со непријатниот здив, како што се: паста за заби, вода за испирање, спреј за уста и јазик, а почесто и како база за вкус на прехрабени производи, најчесто гуми за џвакање и слатки.
  • Есенцијалните масла во нането ги опуштаат мазните мускули во интестиналните ѕидови, како и прстенестите мускули, преку блокирање на калциумовите канали на клеточно ниво. Ова својство на нането е причината зошто тоа се користи како антиспазматичен агенс при лекувањето на болките во гастроинтестиналниот тракт.

Употреба во кујната: 

Нането треба добро да се измие со вода, за да се отстранат евентуалните остатоци од земја или пестициди. За да се задржат аромата и вкусот, обично нането се додава при крајот на рецептите.

Совети за приготвување:

  • Листовите од нане се користат за приготвување чај.
  • Како база за вкус, се користи при приготвување на слатки, сладолед и гуми за џвакање.
  • Заедно со магдоносот, нането се користи за украсување јадења.
  • Нането исто така се користи за приготвување супи и сосови.
  • Свежо исечканите листови од нане се одличен додаток за зелените салати.

Здравствено предупредување:

Лицата кои страдаат од гастроесофагален рефлекс се советуваат да го ограничат внесот на нане, бидејќи состојките во листовите од нане ги опуштаат мазните мускули во интестиналните ѕидови и прстенестите мускули, преку блокирање на калциумовите канали во нив и може да ја влошат состојбата кај овие лица.